Toybox – 3D печатач за детски играчки

53

toybox-facebook

Фото: Facebook

Toybox е едноставен 3D печатач со којшто децата самостојно може да дизајнираат и печатат играчки.

Печатачот е поврзан со апликација преку којашто може да се одбере дизајн од голем каталог или пак да се дизајнира сосема нова и поразлична играчка. Една од основните предности на Toybox е во тоа што за кратко време ја печати посакуваната играчка, а исто така, не се создава неред додека трае креативниот процес.

Цената во претпродажба на овој 3D печатач е 249 долари.

Toybox се најде на глобалната платформа за групно финансирање, Indiegogo, од каде што побара поддршка од 40.000 долари. На 11 дена пред истек на кампањата, овој печатач успеа да собере над 70.956 долари.