Бетон од Штип за шест месеци прокнижи загуба од 57,4 милиони денари

147

beton-stip

Градежната компанија Бетон од Штип и Омега Билдинг Штип , во првите шест месеци од оваа година, прикажа вкупна сеопфатна загуба во висина од 57.494.000 денари, покажува консолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

Во првото полугодие од минатата година, компанијата евидентираше добивка од 29.064.000 денари.

Вкупните приходи од продажба, заклучно со 30-ти јуни 2017 година, имаа вредност од 243.314.000 денари, додека истиот период лани беа на ниво од 353.666.000 денари.

Основна дејност на Бетон од Штип е градежништво, изградба на станбени и нестанбени згради.