KN BatteryChain – прво логистичко решение за животниот циклус на литиумските батерии

40

Фото: Kuehne + Nagel

Kuehne + Nagel, на настан на Меѓународниот саем на автомобили во Франкфурт, го претстави првото интегрирано решение наменето за зголемената глобална потреба за литиумски батерии, со што се поттикнува светскиот тренд за електрификација на возилата, стои во соопштението.

Регулативите на државите за исполнување на целите за намалување на емисијата на штетни гасови е поттикнато од зголемената ефикасност на батериите коишто го зголемуваат производството на овој вид на автомобили. Проценките велат дека во следните пет години бројот на електрични возила ќе се зголеми за трипати. Ова, од друга страна, ќе ја зголеми побарувачката за транспорт и складирање на клучната компонента за литиум – јонска батерија.

KN BatteryChain е специјално дизајнирано решение што ќе понуди безбеден, сигурен и ефикасен масовен транспорт и складирање на литиумски ќелии и батерии.

Детлеф Трефгер, извршен директор на Kuehne + Nagel International AG изјави: KN BatteryChain  ја покажува водечката улога на Kuehne + Nagel во глобалната автомобилска логистика и нашата способност да ги предвидиме индустриските трендови од кои извлекуваме решенија што се специфични за индустријата. Убеден сум дека ова иновативно решение, развиено во тесна соработка со нашите клиенти и партнери, ќе постават стандарди во индустријата и ќе ги поддржат нашите клиенти да растат нивните бизниси“.

KN BatteryChain е целосно усогласен со меѓународните регулативи за опасни материи и е сертифициран според ISO9001 и водечкиот автомобилски стандард ISO16949. Решението се однесува на превоз по морски, воздушен, железнички и патен сообраќај до точката за складирање, како и враќање на користените и неисправни батерии.

Услугите се со додадена вредност, бидејќи ја вклучуваат таканаречената KN ControlTower поддршка, со којашто се поедноставува снабдувањето, мониторинг на физички параметри и локација во реално време, специјално пакување, етикетирање, контрола, рециклирање на батериите, царинско посредување и слично.

KN BatteryChain е достапен за автомобилски, високотехнолошки и индустриски потрошувачи.