Фото: Dot
Јужнокорејската компанија Dot креираше паметен часовник којшто користи брајова азбука и е наменет за луѓе со оштетен вид, пишува Dezeen.
Часовникот е наречен Dot и освен што го покажува времето, може да се поврзе со апликација на паметен телефон преку којашто дава информации за насоките на движење, временската состојба, телефонски повици, СМС пораки и слично.
Од компанијата велат дека дисплејот на Dot часовникот е активен и постојано покажува информации од различен тип. Штом корисникот го тргне прстот од последната точка на реченицата, часовникот веднаш дава друга нотификација.
Зад изгледот на Dot стои јужнокорејското дизајнерско студио Cloudandco. Нивна цел е да создадат производ со минималистички и едноставен дизајн којшто истовремено е удобен за носење.
Моментално софтверот поддржува само брајова азбука на англиски и корејски јазик, но компанијата планира да додаде и јапонски, арапски, шпански, француски, германски, италијански, кинески и хинду во блиска иднина.