Ford дизајнира возила со HoloLens од Microsoft

63

1505961549646

Фото: Ford

Производителот на автомобили Ford дизајнира возила, користејќи го HoloLens, уредот за виртуелна реалност на Microsoft, пишува TechCrunch. Пробниот дизајн овозможува брза креација на прототипови во виртуелна средина, наместо создавање на нови физички модели за да се види како ќе изгледаат новите материјали и агли на финалниот дизајн на автомобилот.

Со користење на HoloLens, дизајнерите можат да го комбинираат физичкото и виртуелното и да видат како различни материјали ќе изгледаат на вистинскиот модел. Со ова се намалува времето за преглед и правење на промени од недели на денови, што е прилично голема заштеда на време.

Сепак, ова сè уште е фаза на тестирање, но Ford упорно бара начин да ги инкорпорира HoloLens во својата инженерска работа.