Фото: Pixabay
На почетокот на следната година на загрепските улици би можел да се најде првиот трамвај што треба да биде опремен со сензори и вештачка интелигенција. Она по што ќе биде препознатлив овој трамвај е тоа што робот ќе му помага и асистира на возачот да се спречат евентуални сообраќајни несреќи, пишува Пословни дневник.
Станува збор за проектот SafeTRAM, којшто е резултат на соработката меѓу Кончар Институтот за електротехника и хрватскиот Факултет за електротехника и компјутерски науки.
“Независно од моделот на соработка, наша желба е да поттикнеме повеќе проекти со индустријата, бидејќи целта ни е Центарот за автономни и кооперативни роботски системи да создаде истражувачка и стручна база за развој на хрватската роботска индустрија за што има интерес, но недостасува критично јадро“, вели Иван Петровиќ, раководител на Заводот за автоматика и компјутерско инженерство на загрепскиот факултет.
Исто така, од факултетот преговараат со различни компании со цел да создаде европски центар за роботика.