Фото: Pixabay
Британскиот производител на млеко и млечни производи, Arla планира производство на газирано млеко, што треба да привлече голем број тинејџери да го засакаат млекото, пишува Metro.uk.
Станува збор за газиран овошно – млечен пијалак, чија боја ќе биде розова, а ќе се добие со мешање на млеко со овошје.
Идејата за овој необичен вкус на млекото е на германскиот биохемичар, Свен Тормален и Мет Вокер, кој порано работел за Heinz. Според нив, ова млеко е еден вид на сурутка без маснотии.
Газираното млеко, освен што треба да ги привлече тинејџерите, ќе може да се користи и за подготовка на коктели.