Стопанска банка: TOPSI Mastercard дебитната картичка подарува ISIC картичка

47

 

stopanska-banka

Картичниот бренд Mastercard, Стопанска банка АД – Скопје како еден од најголемите издавачи на картички и Меѓународната студентска идентификациска картичка (ISIC) промовираат кампања за бесплатно издавање на ISIC картичката за сите TOPSI студенти, стои во соопштението.

Со TOPSI пакетот од Стопанска банка, клиентите на возраст до 28 години редовно добиваат: бесплатна Mastercard TOPSI дебитна картичка, бесплатна трансакциска сметка и пристап до i-bank дигиталната платформа (e-banking, m-banking). Дополнително, во рамки на промотивниот период до 31.12.2017 сите студенти ќе може да ја добијат и ISIC картичката бесплатно со попусти во над 130 земји во светот.

“Стопанска банка АД – Скопје како банка со најдолга традиција во иновации, трансакциско банкарство, дигитални канали и едукација повторно е чекор понапред и размислува на потребите на клиентите во секоја фаза од нивниот живот. Студентите имаат потреба за слободно движење, патување, собирање на животни искуства нон-стоп и во исто време имаат потреба од доверлив партнер. Стопанска банка во партнерство со Mastercard им обезбедува идеален пакет, поттикнат од бесконтактната функционалност на ТОПСИ MasterCard дебитната картичка, безбедните плаќања преку интернет и бесплатниот пристап до дигиталните банкарски услуги. ТОПСИ пакетот за млади продолжува да расте и да биде одраз на потребите на клиентите. Банката го користи за да ги едуцира клиентите за банкарските производи и услуги но во исто време учиме и ние како да се прилагодиме на потребите и на амбициите на клиентите со нашето портфолио“, изјави Стефан Пепоски, директор на развој на картични производи при Стопанска банка.

Вања Манова, Менаџер за Бугарија и Македонија при Mastercard изјави: “Се радуваме што сме дел од овој возбудлив проект. Mисијата на Mastercard отсекогаш била да се вклучи во напорите за финансиска едукација и сметаме дека со учество во овој проект сме доследни на нашите заложби. Нашата цел е да испорачаме најиновативни алатки за плаќање за нашите корисници така што плаќањата ќе бидат безбедни, брзи и практични. Би сакале да видиме како плаќањата со картичките се прифаќаат на универзитетските кампуси и на сите места каде студентите имаат интеракција особено со бесконтактните плаќања кои се префериран избор на оваа генерација“.

“Меѓународната студентска идентификациска картичка (International student identity card ISIC), е горда што може да земе учество во овој проект посветен на студентите во Македонија. Нашата мисија е идентификационата картичка да биде дел од животот на секој студент тука, да биде алатка за откривање на светот и долгорочна културна размена. Плановите во иднина вклучуваат и модерни дигитални решенија кои се во развој глобално, но и локално“, изјави претставникот на ISIC од Холандија, Енди ва ден Берг.

www.topsi.mk е дигиталната платформа што се користи за промоција и презентација на TOPSI пакетот, производите, услугите и содржи активен блог со цел размена на идеи и знаења со заедницата.

Секој студент заинтересиран за ТОПСИ пакетот, за TOPSI Mastercard дебитната картичка и за ISIC студентската картичка може да се обрати во филијалите на Банката како и на 24/7 контакт центарот (02)3100 109.