SoaPen: Сапун во форма на пенкало за забавно миење на рацете кај децата

65

soapen-kickstarter

Фото: Kickstarter

Еден од најголемите предизвици на родителите е да им создадат здрави хигиенски навики на своите деца. Решение за овој проблем нуди американскиот старт – ап SoaPen, коишто го создадоа истоимениот сапун за деца во форма на пенкало.

Овој сапун е уникатен по тоа што го има во различни бои, а децата со него може да си шараат по рачињата. Потоа, сè што треба да направат е да ги стават рачињата под млаз со вода и да мијат од 20 до 40 секунди.

Преку SoaPen, децата од една страна стануваат креативни преку боењето, а во исто време стекнуваат и добра навика за миење на рацете. Со едно полнење на SoaPen од девет милилитри може детските рачиња да се измијат околу 60 пати.

SoaPen има своја кампања на глобалната платформа за групно финансирање, Kickstarter, од каде што бара поддршка од 25.000 долари.