Србија: Tigar планира производство на блокови за одбрана од поплави

51

guma

Фото: Pixabay

Српската компанија Tigar, што се занимава со производство на производи од гума, работи на создавање нови производи како што се: блокови за одбрана од поплави, гумени балистички панели и завеси што ќе се произведуваат од рециклирани автомобилски гуми.

Блоковите за одбрана од поплави се најдобар начин за повторно користење на стари авто гуми, а исто така помагаат во заштита на животната средина.

“Производството на блокови за одбрана од поплави може да претставува спас за многу градови погодени од поплави, бидејќи за разлика од вреќите со песок се поефикасни, полесно се поставуваат, демонтираат, а кога ќе се расипат лесно се рециклираат“, вели Владимир Илиќ, директор на компанијата, за Pirotske vesti.

Гумените балистички панели се дизајнирани да ги апсорбираат куршумите при вежбање на стрелање, го спречуваат создавањето на оловна прашина и ја намалуваат бучавата.