Загуба од 2,3 милиони денари за Кланица со ладилник од Струмица за девет месеци

54

klanica-so-ladilnik-strumica

Кланица со ладилник од Струмица, во период од први јануари до 30-ти септември оваа година, прикажа загуба од 2.363.000 денари, покажува неконсолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

Во текот на деветте месеци од минатата година, компанијата евидентираше добивка од 6.293.000 денари.

Вкупните приходи, заклучно со 30-ти септември оваа година, изнесуваат 38.459.000 денари, додека истиот период лани беа на ниво од 42.458.000 денари.

Основна дејност на компанијата е колење и преработка на ситен и крупен добиток.