Добивка од 2,5 милиони денари за Пелистерка заклучно со 30-ти септември

40

pelisterka

Пелистерка во текот на деветте месеци од 2017 година евидентираше вкупна сеопфатна добивка од 2.595.000 денари, покажува консолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

Во периодот јануари – септември лани, компанијата оствари добивка од 6.033.000 денари.

Вкупните приходи од продажба, заклучно 30-ти септември оваа година, беа ниво од 340.122.000 денари. На домашен пазар, од тој износ отпаѓаат 316.804.000 денари, додека реализацијата на пазари во странство достигна 23.318.000 денари.

Приоритетна дејност на Пелистерка е производство на освежителни пијалаци, минерална и друга флаширана вода.