Алкалоид за девет месеци прокнижи добивка од 553,9 милиони денари

42

alkaloid

Фармацевтската компанија Алкалоид во текот на деветте месеци од оваа година прокнижи вкупна сеопфатна добивка од 553.940.000 денари, покажува консолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

Во периодот јануари – септември лани, компанијата прикажа добивка од 509.357.000 денари.

Вкупните приходи од продажба, заклучно со 30-ти септември 2017 година, изнесуваат 6.646.641.000 денари. На домашен пазар продажбата достигна вредност од 2.585.504.000 денари, додека приходите од пазари во странство достигнаа 4.061.137.000 денари.

“Од вкупните консолидирани продажби, 61% се остварени на странски пазари. Најголем пораст кај извозните пазари е остварен во: Велика Британија раст од 1.374%, Хрватска раст од 9%, Романија раст од 69%, Словенија раст од 13%, Унгарија раст од 963%, Русија раст од 5%, Украина раст од 36%, Црна Гора раст од 10% итн“, стои во Образложението за остварените резултати објавено на Македонска берза.

Во пресметковниот период, според Образложението, вкупните инвестиции во основни средства изнесуваат 518.374.000 денари, додека во истиот период се реализирани 92 нови вработувања во Македонија.