Од овогодишните финалисти на меѓународниот натпревар за стартапи – Get in the Ring, две старт – ап компании, од коишто една ја освои првата награда, се дел од Акцелераторската програма на ЦЕЕД Хаб Скопје.
Станува збор за МаМаОргана, којашто е победник на овогодишниот натпревар и доби можност да учествува на глобалното финале на Get in the ring, и Sole Communication Networks.
Млади претприемачи од средните училишта и претставници на стартапи од Македонија учествуваа на меѓународниот натпревар Get in the ring, каде што пред жири од деловни професионалци од Македонија, САД, Канада и Европа ги претставија своите бизнис идеи, иновативни производи и решенија.
Инаку, МаМа Органа е старт – ап што преку совети, идеи и ‘направи сам’ проекти се обидува да ја врати страста кон природниот начин на живот. Тие нудат решенија за поздрава животна средина и органска храна.
ЦЕЕД Хаб Скопје има Акцелераторска програма за којашто, преку проектот на УСАИД за микро и мали претпријатија, кофинансиран од владата на Швајцарија, има фонд од 50.000 долари што ќе ги инвестира во селектирани стартапи. ЦЕЕД Хаб Скопје е акцелератор што обезбедува пристап до иновативна и инспиративна работна околина за претприемачи и компании во рана фаза, фриленсери и поединци кои сакаат да започнат свој бизнис.