Lenovo купува контролен пакет акции во Fujitsu

40

lenovo

Фото: Lenovo

Кинеската ИТ компанија Lenovo се согласи да купи мнозински пакет акции во дивизијата за персонални компјутери на Fujitsu за 269 милиони долари, во обид да освои поголем дел од пазарот што се бори со слаба продажба бидејќи сè повеќе луѓе се префрлаат на мобилни уреди.

Lenovo е во потрага по начини на зајакнување на својата основна дејност бидејќи се соочува со пад на профитот во периодот од јули – септември, пишува Reuters.

“Компјутерот сè уште е јадро на Lenovo. Комерцијалните потрошувачи  сè уште ќе го користат компјутерот. Мислам дека вреди да се инвестира во оваа област“, вели извршниот директор на Lenovo, Јанг Јангинг.