Фабриката за чоколади, вафли и бонбони, Европа од Скопје, во период од први јануари до 30-ти септември оваа година, прикажа вкупна сеопфатна добивка од 40.821.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.
Во текот на деветте месеци од минатата година, компанијата евидентираше добивка од 20.482.000 денари.
Вкупните приходи од продажба, заклучно со 30-ти септември оваа година, беа на ниво од 523.256.000 денари. На домашен пазар од тој износ се реализирани 208.598.000 денари, додека поголемиот дел од 314.658.000 денари е остварен на пазари во странство.