Компанијата Грозд од Струмица, во текот на деветте месеци од оваа година, прокнижи вкупна сеопфатна добивка од 43.045.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.
Истиот период лани, компанијата оствари добивка од 48.271.000 денари.
Заклучно со 30-ти септември 2017 година, вкупните приходи од продажба изнесуваа 154.559.000 денари. На домашен пазар продажбата имаше вредност од 140.112.000 денари, додека на пазари во странство беше на ниво од 14.487.000 денари.
Основна дејност на Грозд од Струмица е производство и трговија на алкохолни и безалкохолни пијалаци.