Макпетрол прокнижи 201,8 милиони денари добивка заклучно со 30-ти септември

36

makpetrol

Нафтената компанија Макпетрол во текот на деветте месеци од 2017 година оствари добивка во вредност од 201.848.000 денари, стои во билансот на успех за периодот од први јануари до 30-ти септември оваа година.

“На крајот на третиот квартал од 2017 година, Макпетрол прикажа добивка пред оданочување во висина од 215,6 милиони денари, односно добивка по оданочување во висина од 201,8 милиони денари, којашто е пониска од минатата година, кога за истиот период, компанијата оствари добивка во износ од 292,6 милиони денари и тоа како резултат на начинот на регулирање на цените на горивата од страна на Регулаторната комисија за енергетика, односно отсуството на слободен пазар“, стои во Образложение на промените во финансискиот резултат на Макпетрол.

Вкупните приходи од продажба, во периодот јануари – септември оваа година, достигнаа ниво од 13.780.889.000 денари. Продажбата на домашен пазар изнесуваше 13.184.663.000 денари, додека на пазари во странство реализацијата беше на ниво од 596.226.000 денари.