Кина: Полициска станица без полицајци, полагање на возачки испит преку виртуелна реалност

46

kina

Фото: YouTube

Полициска станица во кинескиот град Ухан соработува со кинескиот технолошки гигант Tencent за да се отвори првата полициска станица без полицајци. На овој начин ќе се поедностават административните процеси и ќе се намалат трошоците за работна сила. Во оваа станица луѓето ќе може полагаат возачки испит со помош на виртуелна реалност и да се пријавуваат за полагање со помош на технологијата за препознавање на лица. Тие ќе ги обновуваат своите возачки дозволи и ќе аплицираат за регистерски таблици без да имаат контакт со луѓе, пишува Sixth Tone.

Станицата треба да се отвори до крајот на годинава и ќе биде единствена полициска станица во којашто нема да работат луѓе.

Tencent, исто така, работи и на развивање на апликација за размена на пораки со станицата. Откако корисниците ќе се регистрираат, ќе може да пристапат до над 130 услуги, а 70% од услугите може да се реализираат без корисникот да влезе во станицата којашто ќе биде отворена 24 часа седум дена во неделата.