Технокомерц во период од први јануари до 30-ти септември оваа година оствари вкупна сеопфатна добивка во висина од 5.368.000 денари, покажува консолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.
Во деветте месеци од 2016 година, компанијата прикажа добивка од 6.499.000 денари.
Вкупните приходи од продажба од јануари до септември годинава изнесуваа 166.674.000 денари. Од нив на домашен пазар се остварени 166.525.000 денари, додека реализацијата на пазари во странство изнесува 149.000 денари.
Основна дејност на компанијата е внатрешна и надворешна трговија со резервни делови за товарни и полутоварни возила, автобуси, градежна и рударска механизација; гуми за возила; индустриска стока; црна и обоена индустрија; градежна механизација и слично.