Фото: Volkswagen
Германската автомобилска компанија Volkswagen во напорите да стане глобален лидер на пазарот ќе потроши 34 милијарди евра во наредните пет години на развој на електрични автомобили.
Компанијата ќе ги потроши парите за развивање на системи за автономно возење и други нови технологии, пишува Reuters.
“Со планираното решение што сега го одобривме ние сакаме Volkswagen да биде број еден во светот во електрична мобилност до 2025 година“, вели извршниот директор на компанијата, Матијас Милер.
Проектираните трошоци на произведувачот на автомобили се значително поголеми од најавата пред два месеци дека ќе инвестираат повеќе од 20 милијарди евра на електрични автомобили и автономни возила до 2030 година.