Фото: Pixabay
Во Скопје од денеска до 23-ти овој месец ќе се одржи Меѓународен саем на патенти, пронајдоци, иновации и нови технологии Иновамак 2017, јавува Миа.
На саемот ќе бидат презентирани пронајдоци и иновации од Кина, Малезија, Руската Федерација, Тајван, Романија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Србија, Словенија и Македонија. Македонските иноватори ќе може бесплатно да ги изложат нивните пронајдоци.
Саемот Иновамак 2017 го организира Националната асоцијација на пронаоѓачи на Македонија, претставник на Република Македонија во IFIA – Светската федерација на сојузи на пронаоѓачи.
Саемот ќе се одржи во Домот на АРМ, а работното време е од 10 до 19 часот. Наградите за најдобрите иновации ќе бидат доделени на 23 ноември.