Водечкиот сајт за групни попусти и лидер во е – трговија, Grouper.mk го најавува најголемото шопинг лудило – Black Friday, коешто ќе започне на полноќ во четврток, стои во соопштението.
Кралот на попустите секоја година го бележи овој ден со рекордна продажба на купони. Лани беа продадени 15.000 купони за само 24 часа, а посетите достигнаа над 130.000.
Од Grouper велат дека ова е највозбудливиот ден во годината за нив и дека го сметаат за нивен патронат под мотото Хаос, попуст, лудило – Кој купи, купи. Тие оваа година најавуваат повеќе од 1.000 зделки со ултра високи попусти (96%), по ултра ниски цени и со ограничено времетраење и количини. Покрај најавата за повеќе од 1.000 Black Friday зделки, што е двојно повеќе од минатата година, Grouper како и секогаш подготви дополнителни изненадувања со екстра вредност за своите корисници.
На точно една недела пред “големиот ден” започнаа и Black Friday WARM UP зделките како загревање за шопинг лудилото. Најавата започна со неколку пецијални зделки правени по Black Friday стандарди: најголемиот попуст на спортска опрема во Sport M, неодоливите бургери на American Best Burger и гратис гориво за регистрирано возило од Петрол Оил.
За вистинско Black Friday лудило Grouper вчера вечер ја лансираше и Black Friday Машината за подароци (во соработка со Mastercard) каде секое вртење е добитно. Преку игра може да добиете еден од над 500-те подароци, меѓу кои патувања, маички, ранци, чадори, тефтери и неограничен број на честитки со интересни пораки за пријателите. За само неколку часа над 2.500 корисници се вклучија во играта – Свртете ја рачката тука!
Лудилото ќе биде заокружено со Cyber Monday на 27-ми ноември. Во превод, Cyber Monday е понеделникот после лудиот петок, и во истиот тренд ќе има нови зделки со луди цени со само 24 часа.
Не го пропуштајте најголемиот шопинг настан за оваа година. Запишете, запаметете или ставете потсетник затоа што нема да сакате да ја пропуштите најголемата Black Friday акција во Македонија! Сé што ви треба е брзи прсти, спремна картичка и Grouper мобилната апликација на близок дофат.