Компанијата за производство и трговија на крзно и крзнени производи, Димко Митрев од Велес, оствари вкупна сеопфатна добивка во висина од 338.000 денари, покажува деветмесечниот биланс на успех објавен на Македонска берза.
Добивката на компанијата, истиот период лани, изнесуваше 540.000 денари.
Вкупните приходи од продажба во деветте месеци од 2017-та изнесуваа 163.355.000 денари. Од тој износ на домашен пазар се остварени 5.428.000 денари, додека на пазари во странство отпаѓа поголемиот дел од 157.927.000 денари.