Фото: Pixabay
Што е точно, а што не е кога станува збор за здравјето погледнете во второто продолжение од најчестите митови за него. Во случај да не сте го прочитале првиот дел кликнете тука.
Чоколадата предизвикува акни
Цел месец научници тестирале две групи на луѓе, едната јадела концентрирано чоколадо, додека другата конзумирала “лажни“ чоколади. По завршувањето на експериментот не постоела никаква разлика помеѓу двете групи во однос на акни, што покажува дека чоколадата не е виновна за нивното појавување.
Не смеете да јадете сладолед ако сте настинати
Слободно земете сладолед иако сте настинати. Овие две работи не се меѓусебно поврзани, без разлика на многуте тврдења. Напротив, замрзнати млечни производи можат да го смират болното грло и да ви ги дадат потребните калории кога одбивате друга храна.
На мастиката ѝ требаат седум години за да се разложи
Доколку се случи да голтнете мало парче мастика не грижете, ќе помине низ истиот процес како и нормалната храна. Единствен случај каде голтањето на мастика може да направи проблем е кога заедно со неа ќе голтнете и предмети што не би требало да се најдат во вашиот стомак.
Гледањето телевизија одблизу го расипува видот
Најмногу што можат да предизвикаат телевизорите се главоболка и заморени очи. Старите телевизори емитувале одредено штетно зрачење, но новите модели не влијаат на видот.
Стресот доведува до висок крвен притисок
Стресот не игра голема улога во хроничниот висок притисок. Моментална стресна ситуација може да го зголеми притисокот, но истиот за кратко ќе се врати во нормала. Главни виновници за хипертензија се генетиката, пушењето и лошата исхрана.
Седењето во исправена положба е добро за грбот
Седењето во исправена положба подолго време, исто така, предизвикува болка како и неправилното седење. Ако работите во канцеларија, вашиот стол треба да е на висина со колената под агол од 90 степени. Стапалата треба да се на подот и долниот дел од грбот да има соодветна поддршка. Често протегање, станување и мала прошетка се задолжителни за здрав грб.