Друштвото за градежништво Бетон од Скопје, во периодот од 01.01.2017 година до 30.09.2017 година, оствари вкупна сеопфатна добивка во висина од 11.201.000 денари, стои во билансот на успех објавен на Македонска берза.
Во текот на деветте месеци од претходната година, добивката на компанијата изнесуваше 59.265.000 денари.
Вкупните приходи од продажба во деветте месеци од оваа година достигнаа 1.250.827.000 денари, додека истиот период лани беа на ниво од 1.497.198.000 денари.
Основни активности на компанијата се истражување, проектирање, изградба и надзор на станбени и деловни згради, како и на индустриски и јавни објекти.