Топлификација, во периодот јануари – септември оваа година, прикажа вкупна сеопфатна добивка од 10.292.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.
Во текот на деветте месеци од минатата година, компанијата евидентираше добивка од 11.380.000 денари.
“Вкупните приходи се во износ од 76.559.000 денари. Вкупните приходи се состојат од приходи од продажба, други оперативни приходи и финансиски приходи. Приходите од продажба во најголем дел се приходи коишто произлегуваат од договорот за закуп на опремата за производство на топлинска енергија. Другите оперативни приходи во најголем дел се приходи од побарувања за топлинска енергија. Финансиските приходи се приходи од камата на побарувања по однос на дадени заеми и побарувања по однос на продадена топлинска енергија“, стои во Образложението за остварените резултати.
Вкупните приходи од продажба, заклучно со 30-ти септември 2017 година, беа на ниво од 49.195.000 денари, додека истиот период лани изнесуваа 29.472.000 денари.