Хотели Метропол за девет месеци оствари добивка од 38,5 милиони денари

16

metropol-hotel-ohrid

Хотели Метропол од Охрид оствари вкупна сеопфатна добивка од 38.580.000 денари, покажува деветмесечниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

“Во периодот од 01.01.2017 до 30.09.2017 година, Хотели Метропол од Охрид во свето работење бележи зголемен број на ноќевања од 25% во однос на истиот период во 2016 година или остварени 71.815 ноќевања “, стои во Образложението за остварените резултати.

Во периодот јануари – септември 2016 година, добивката на компанијата изнесуваше 24.875.000 денари.

Вкупните приходи од продажба, заклучно со 30-ти септември оваа година, достигнаа вредност од 144.017.000 денари, додека истиот период претходната година беа на ниво од 117.429.000 денари.