Фото: Pixabay
Во третото тримесечје од оваа година, стапката на слободни работни места е 1,52%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Највисока стапка на слободни работни места има секторот Објекти за сместување и сервисни дејности со храна 3,15%, додека најмала е стапката во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација и изнесува 0,10%.
Деловните субјекти со број на вработени од 10 до 49 имаат највисока стапка на слободни работни места којашто изнесува 2,20%.
Пелагонискиот регион има највисока стапка на слободни работни места којашто изнесува 1,97%.
Најголем број слободни работни места, односно 2.594, има во петтата група занимања – Работници во услужни дејности и продажба.