Фото: Marsi Bionics
Компанијата Marsi Bionics, којашто се занимава со изработка на разни помагала за одење, креираше уред што им помага на деца, кои страдаат од спинална мускулна атрофија и други болести, повторно да застанат на нозе.
Atlas е егзоскелет што се носи на телото и овозможува движење. Димензиите лесно се прилагодуваат на растот на детето и за да се постави потребни се само пет минути. Овој модел доаѓа заедно со помошна рамка прикачена на егзоскелетот што овозможува странична стабилност. Atlas има вградено технологија за контрола на вкочанетоста кај зглобовите, реагира на движењата што детето ги прави, а достапен е и далечински управувач.
Можат да ја употребуваат деца од три до 14 години, а моментално се тестира во болниците и центрите за рехабилитација во Шпанија.