Гери Ковакс, главниот и извршен директор на Мозила, компанија која е најпозната по интернет пребарувачот Firefox, се повлекува од функцијата. Ковакс, кој е на чело на Мозила од 2010 година, ќе остане во управата на компанијата.
“Последните две и пол години беа клучни во еволуцијата и брзиот раст на Мозила. Многу сум горд на нашите постигнувања како тим. Благодарен сум што имав привилегија да бидам на чело на оваа организација во периодот на брз раст и со нетрпение очекувам да помогнам во влијанието на Мозила врз иднината на мобилните телефони”, стои во соопштението на Ковакс.
Под неговиот мандат, Firefox успеа да се одржи на пазарот на пребарувачи кој многу брзо се менува. Направи цврсти чекови во поглед на мобилната сфера – прво лансираше браузер за мобилен, а потоа и цел мобилен ОС. Сега компанијата има блиска соработка со Самсунг на проектот Серво, следната генерација на интернет прелистувачи.
Ковакс ќе се повлече кон крајот на годината и како што вели, ќе се занимава со нешто помалку комерцијално.