American Express повеќе нема да бара потписи од клиентите кога купуваат со картичка

47

kkФото: American Express

American Express објави дека повеќе нема да бара потписи од купувачите што ги користат нивните картички за пазарење, пишува The Verge.

Одлуката ќе стапи на сила од април 2018 година, со што компанијата ќе се придружи на Mastercard, којашто исто така најави промени од ваков тип.

Според Јаромир Дивилек, извршниот заменик директор на American Express, компанијата се одлучи на ваков чекор благодарение на напредната технологија со којашто повеќе не е потребен потпис од купувачот за да се спречи измама.

За разлика од другите компании, American Express ја воведува оваа промена на глобално ниво не само во САД.