Неколку факти за продажбата

50

Интересни информации за продажбата кажани низ бројки.

pexels-photo-209224

Фото: Pexels

Шест од десет купувачи сакаат да зборуваат за цената на производот при првиот разговор.

Повеќе од половина купувачи сакаат веднаш да видат како производот/услугата функционира.

Деведесет проценти од клиентите сакаат да се поврзат со продавачот во првата фаза од процесот, односно кога дознаваат за производот/услугата.

Само 24% од мејловите поврзани со продажба се отвораат.

Во одреден момент, седум од десет B2B купувачи гледаат видео додека трае продажниот процес.

Најпопуларни видеа се оние за карактеристиките на производот, по што следуваат “како да“ видеата и професионалните критики.

Еден просечен човек брише 48% од мејловите добиени на дневна база.

За еден продажен мејл за да биде ефикасен треба да има помеѓу 50 и 125 зборови.

Четири од десет продавачи затвораат две до пет зделки благодарение на социјалните медиуми.

Според купувачите ова се четирите начини потребни за создавање на позитивно продажно искуство:

  • Внимателно слушање на потребите
  • Без присилување
  • Релевантни информации
  • Одговор во дадениот рок

Според пребарувањата на Google речиси половина од онлајн купувачите се луѓе помлади од 30 години.

Само 39% од продавачите планирале да го работат тоа.