Се основа “нов Агрокор“, сите средства ќе ги преземат кредиторите

37

agrokor

Фото: Агрокор

Вонредната управа на хрватски Агрокор, предводена од Антон Рамљак, со помош на консултантите од Alix Partners, подготви и на доверителите им претстави предлог за порамнување на Агрокор со коешто е осмислено решение за делумна наплата на долговите тешки над 5,5 милијарди евра.

Решението вклучува основање на “здрав Агрокор“ холдинг во којшто ќе се пренесат средствата, а во “болниот Агрокор“, ќе останат само долговите што не може да се отплатат. Тоа значи дека на сопственикот на Агрокор д. д., Ивица Тодориќ  ќе му останат само долгови.

Новиот Агрокор ќе биде во стопроцентна сопственост на доверителите, меѓу кои се добавувачите, банките и сопственици на обврзници. Клучно е дека во првата фаза на предложеното решение, доверителите ќе може да го контролираат процесот на отплата на долгови и сами да ја договараат иднината на компанијата.

Оперативното работење ќе биде поделено на неколку сектори коишто ќе имаат свои управи, но стратешките одлуки ќе ги носи одборот на холдингот, пишува Вечерњи лист.