McDonald’s ќе продава веге – бургери во Европа

48

mcdonald-998495_960_720Фото: Pixabay

McDonald’s ќе започне да продава вегетаријански бургери во Шведска и Финска, почнувајќи од 28-ми декември, пишува CNN.

Ланецот за брза храна веќе претстави еден ваков бургер во неколку локации во Финска, којшто се состои од плескавица од соја, лепиња, домати, марула, кисели краставички, кромид, кечап, сенф, масло и сос без јајце.

Бургерот без месо е креиран во соработка со норвешката компанија за специјализирана храна Orkla.

Од McDonald’s велат дека со оглед на тоа што главната состојка се добива од растение, McVegan ќе има помало климатско влијание. Според Обединетите нации, сточарството е виновно за 14,5% емисии на штетни гасови на глобално ниво.