Фото: Pixabay
Група иноватори од Босна и Херцеговина стојат за иновативен изум што спречува струјни удари, пишува Haber.ba.
Станува збор за хидроелектричен прекинувач за бојлер што ја исклучува електричната енергија во бојлерот при пуштање на топла вода, со што се спречува можноста за појава на струен удар.
“Со пуштање на топла вода и нејзино движење низ хидро инсталацијата се активира сензорот на прекинувачот што го исклучува струјното коло, а со затворање на топлата вода струјното коло се вклучува. Целта е превентивна заштита на корисникот од струен удар, а не последична, како што е случајот со електричните осигурувачи“, вели Ратко Васиќ, лидер на тимот што стои зад овој изум.
Во овој момент тие преговараат со две компании за продажба на нивниот патент, со цел овој изум да се најде на пазарот.