Владата ќе издвои 4,5 милиони евра за инфраструктурни проекти во општините

42

cacheГодинава Владата ќе издвои 4,5 милиони евра од буџетот за инфраструктурни проекти во општините, а посебен акцент ќе биде ставен на руралните средини.

Во текот на мај општините треба да аплицираат за градба на патишта до пет километри, зелени и сточни пазари, пензионерски, младински клубови, изградба на пат од селото до регионалниот пат, изградба и реконструкција на улици, изградба и реконструкција на атмосферска и фекална канализација.

Средствата, исто така, можат да се користат и за комплетно инфраструктурно уредување на излетнички места и инфраструктура на значајни културни локалитети.

“До мај сите заинтересирани општини ќе можат да аплицираат со проекти кои ќе ги доставуваат преку Агенцијата за рурален развој и поддршка на земјоделството. Сумата за еден проект не треба да биде поголема од 300.000 евра”, изјави владиниот портпаролот Александар Георгиев.