Комерцијална банка го продолжи промотивниот период до 30-ти јуни следната година, во којшто сите новоодобрени станбени кредити ќе се одобруваат со 0% надомест за одобрување и администрирање и нула денари трошоци за проценка на обезбедувањето, стои во соопштението.
Денарскиот кредит со ЕУР клаузула е наменет за кредитоспособни физички лица во редовен работен однос во јавната администрација или компании прифатливи за банката, кои примаат плата на трансакциска сметка во банката или за пензионери кои примаат пензија преку трансакциска сметка на Комерцијална банка