Турција: За производство на струја од ветер инвестирани 12,3 милијарди долари за 11 години

57

veternica-pixabay

Фото: Pixabay

Енергетскиот сектор во Турција што произведува струја од ветер, во изминатите 11 години, привлече инвестиции од 12,3 милијарди долари, пишува агенцијата Анадолија.

Инсталираниот капацитет на моќност во земјата беше околу 146 мегавати во 2007 година, а денес достигна капацитет од околу 6.500 мегавати. Од градовите во Турција, најголем капацитет од 1.333 мегавати има Измир, што се наоѓа на егејското крајбрежје.

Податоците покажуваат дека 8% од електричната енергија произведена во Турција доаѓа од користење на потенцијалот на ветерот.

Целта е земјата до 2023 година да има капацитет од 20 гигавати.