Фото: Pixabay
Мега ланецот на кафетерии Starbucks, од февруари ќе започне да ги наплаќа картонските чаши во 25 продавници во Лондон, стои во официјалното соопштение на компанијата.
Starbucks се одлучи на овој чекор со цел да одговори на проблемот со фрлање на чашите, односно да промовира нивно рециклирање, намалување на бројот и користење на чаши за повеќекратна употреба.
Компанијата ќе наплаќа по пет центи од чаша во 20 до 25 продавници во Лондон и тоа ќе биде еден вид на експеримент за да се види како купувачите ќе реагираат кога ќе треба да платат за чаша. Дали тоа ќе го промени нивното однесување, односно нивната свест за рециклирање и повторна употреба на чашите. Дополнително на ова ќе се спроведе и соодветен маркетинг за нивно користење.
Starbucks ќе наплаќа за чашите три месеци и сите пари што ќе бидат собрани ќе бидат донирани на платформата за групно финансирање Hubbub. Парите ќе бидат искористени за истражување во врска со промена на однесувањето на луѓето кое пак ќе треба да покаже на кој начин купувачите би се одлучиле да користат чаши за повеќекратна употреба како подобра алтернатива за околината.