Белград: Интерактивна паметна преса за рециклирање лименки

151

presa-za-limenki

Фото: Starigrad.org.rs

Општината Стари Град во Белград ја доби првата интерактивна паметна преса за рециклирање лименки. Станува збор за иновативен систем за рециклирање што се состои од паметна преса и мобилна апликација, што овозможува комуникација со корисниците – собирање поени заради освојување на награда, стои на официјалната страница Starigrad.org.rs.

“По завршување на постапката за рециклирање, на екранот на паметната преса се појавува код што треба да се внесе во мобилната апликација, што може бесплатно да се преземе. Апликацијата кодовите автоматски ги трансформира во поени, а поените во награди. Тука може да се види и каде се наоѓа најблиската преса и информации околу процесот на рециклирање“, вели Немања Јаниќ од компанијата за рециклирање Солагро тим, што е партнер на општината во овој проект.

Солагро тим е компанија што се занимава со производство на уреди за рециклирање, а досега дизајнирале над 120 механички преси за пластични шишиња и лименки, што биле поставувани на фестивали во Србија и на плажи низ Европа.