Прометот во индустријата зголемен за 5,5%

38

industrijaСпоред податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата во февруари во Македонија се зголемил за 5,5% во однос на истиот месец лани.

Домашниот промет во индустријата остварен во февруари годинава, во однос на февруари минатата година, бележи пораст од 7,8%, додека прометот остварен на странски пазари бележи пораст од 4,3%.

Споредено по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен бележи пораст од 14%, а во секторот Преработувачка индустрија од 5,1%.

Според главните индустриски групи, пораст е забележан кај Интермедијарни производи, освен енергија за 20,5% и Капитални производи за 11,6%, додека опаѓање е забележано кај Енергија за 26,4%, Tрајни производи за широка потрошувачка за 14,6% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,9%.

Гледано на месечно ниво, индексот на прометот во индустријата во февруари 2013 година се намалил за 3,9%.