Amazon Go – отворена продавница во којашто нема продавачи, каси, ниту редови за чекање

82

go-gallery-interior-_v534007255_

Фото: Amazon

Синџирот за онлајн продажба, Amazon ја отвори својата продавница во Сиетл, наречена Amazon Go. Американската компанија планираше истата да почне да функционира пред повеќе од една година, но поради одредени проблеми, отворањето се одложи за некое време, пишува The Guardian.

Она што е специфично за Amazon Go е тоа што нема продавачи, нема каси, нути редици за чекање. Продавницата работи на принцип на камери и сензори коишто ги следат купувачите и производите што ги земаат од полиците, но и оние што ги враќаат назад.

Кога влегуваат внатре, купувачите треба само да ја скенираат апликацијата Amazon Go од нивните паметни телефони. Сите производи што ќе ги земат автоматски се додаваат на нивната виртуелна картичка. Технологијата што го овозможи сето ова се нарекува Just walk out, а комбинира специјални алгоритми, компјутерска визија и сензори.

Од Amazon не потврдуваат дали и кога ќе има уште вакви продавници.