Gustaffo – виртуелен рецепционер во хотел во Виена

49

gustaffo-facebook-580x580
Фото: Facebook

Хотелот Zeitgeist во Виена го тестира виртуелниот асистент под името Gustaffo, пишува Wien.orf.at.

Gustaffo на гостите ќе им ги понуди сите информации во врска со хотелот, а прашањата што ќе му ги постават потоа ќе може да се анализираат за да можат хотелиерите да знаат какви прашања најчесто поставуваат гостите.

Зад интеракцијата на овој виртуелен асистент со гостите стои дигиталниот систем Alexa.

Виенскиот старт – ап Gustaffo се занимава со пренос на дигитални хотелски услуги на паметни мобилни уреди. Станува збор за интернет страница што изгледа како апликација, којашто нуди информации за хотелите на различни јазици. Преку Gustaffo може да се повика и собна услуга, да се повика такси или да се резервира ресторан.

Хотелиерите сметаат дека овој дигитален асистент ќе има сè поширока употреба во нивниот сектор, но дека нема во целост да ги заменат вработените.