Центар за итни настани на Секјуриком – достапен 24/7 за брза интервенција

44

1-1

Секјуриком групацијата е препознатлива по иновативните пакети на услуги за безбеден, чист и функционален простор за деловно работење и живеење. Тие неодамна го отворија Центарот за итни настани којшто функционира 24/7 и нуди брза интервенција во случај на итни и непредвидени ситуации.

Досега од Центарот успешно интервенирале во многу домови и деловни простории, а повиците најчесто биле поврзани со пријава за провала или напад, со проблеми околу електрична и водоводна инсталација, како и за санација по поплава и пожар.

“За жал понекогаш се случуваат незгоди и непредвидени ситуации во нашите домови, а во таков момент најважно е да нема паника и брзо да се реагира со цел елиминирање на дефектот и минимализирање на можната штета. Професионалноста и стручната подготвеност на тимот од Центарот за итни настани направија да ја стекнеме довербата на корисниците, а тие се мотив за понатамошно развивање на услугите кои ги нуди компанијата”, велат од Секјуриком.

Секјуриком повеќе од 17 години е посветена и докажана во понудата на висококвалитетни услуги од областа на професионалниот сервис за чистење, тековното одржување и обезбедувањето.