Економијата стабилна, а растот остварлив, оценува ММФ

42

BC-IMF-Head-Assault-ref_14Според оценката на мисијата на Меѓународниот монетарен фонд Македонија е земја со стабилна економија и стабилни макроекономски перформанси во услови на тешко окружение. Предвидениот раст од 2%, иако има ризици е остварлив.

Ова беше соопштено на денешната заедничка прес-конференција од страна на шефот на мисијата Ивана Влаткова Холар и вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

“Економијата во Македонија, како и растот се мошне добро позиционирани”, рече Холар на прес-конференцијата.

Таа го поздрави и расчистувањето на заостанатите долгови на јавниот сектор, кое почна во септември 2012 и заврши во февруари годинава.

Холар изјави дека за натамошно зачувување на стабилната макроекономска средина среднорочните политики треба да бидат насочени кон поддршка на забрзување на растот.

“Вкупната оценка е дека нашата позиција во однос на долгот и буџетскиот дефицит е адекватно во времето во кое работиме и дека Македонија има добри изгледи штом се стабилизираат условите во Европа да оствари заздравување на економскиот раст и да се врати на патеката на повисоки стапки на раст”, рече Ставрески посочувајќи дека оценката од ММФ е охрабрувачка.