Децата во Британија ќе добиваат предупредување за онлајн вознемирување

47

kids-computer

Фото: Pixabay

Децата кај кои постои ризик дека ќе се соочат со онлајн вознемирување ќе добиваат автоматски пораки со предупредување. За таа цел ќе се користат прецизни алгоритми коишто ќе помогнат да се детектираат потенцијалните жртви на интернет насилството. Оваа мерка е дел од програмата за интернет безбедност во Англија со цел Велика Британија да стане најбезбедна држава за користење на интернетот, а пораките за тревога ќе придонесат за тоа, пишува BBC.

Во полицискиот извештај стои дека најмалата жртва на онлајн вознемирување имала само седум години, додека најчеста мета се девојчињата помеѓу 12 и 15 години. Facebook, Instagram и Snapchat се социјалните мрежи што се најкористени и каде се случуваат дури 63% од инцидентите.

Алгоритмите кои препознаваат случаи на интернет злоупотреба нашироко се користени од компаниите што работат со социјални медиуми со цел да се спречи злоупотреба на деца, објавување на екстремистички материјали и говор на омраза. На истиот начин ќе се препознава и потенцијалното интернет вознемирување и ќе бидат испраќани предупредувачки пораки до децата, но и до модераторот на страната.