Фото: Pixabay
Дел од корисниците од улицата Загребска, поточно објектите со мали броеви од 3 до 11, утре ќе бидат без електрична енергија од 8:30 до 11:30 часот, јавува МИА.
Во периодот од 8:30 до 15 часот утре без струја ќе бидат и дел од корисниците од улицата Црногорска и објектите околу улицата 28 во општина Ѓорче Петров.
Од 12 до 15 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улицата Христо Татарчев, објектите во Расадник кај ГЕТ Кафе во општина Кисела Вода.
Прекините се поради закажани технички зафати во електромрежата.