Моден додаток што ќе ја зголеми безбедноста на пешаците

51

bookmanФото: Bookman

Eclipse е светлечки моден украс што може да го прикачите за вашата облека, чанта или ранец. Наменет е да се користи за активности на отворено како што се трчање, возење велосипед или пешачење.

Уредот е еден вид на копче што емитува светлина со цел да се зголеми безбедноста на пешаците и достапно е во црна, сива и розова боја. Креативното решение е дело на шведската компанија Bookman, дел од брендот Urban Visibility. Eclipse има опција да свети во црвена или во бела боја и е водоотпорен. Батеријата трае 60 часа, но со купување на истиот се добива и кабел за нејзино надополнување.

Производот ќе биде пуштен во продажба во март, а истиот ќе може да се нарача на www.bookman.se. Креаторите на Eclipse очекуваат овој моден додаток да спаси многу животи.