Наскоро нов регистар на вработени во јавниот сектор

65

javen-sektor-registarФото: Pexels

Министерството за информатичко општество и администрација ќе воспостави нов Регистар на вработените во јавниот сектор. Целосно пополнет и ажуриран регистар, ќе даде јасна слика за моменталната состојбата со систематизациите, бројот на слободни места, старосната структура, бројот на лица кои се пред пензија и друго, се вели во соопштението од ресорното министерство.

Еден од модулите на овој Електронски систем е и Модулот за пресметка на плати, а согласно законските измени, Управата за јавни приходи добива нова надлежност за контрола на корисниците на овој Модул за пресметка на плати, преку системот за интегрирана наплата, односно контрола на ажурноста на регистарот на вработените во јавниот сектор преку контрола на месечните пресметки за интегрирана наплата.

Проверката ќе се врши автоматски при поднесување на пресметките за плата на јавниот сектор, и во случај кога податоците не се усогласени, системот за плата на УЈП ќе генерира грешка и работоавачот од јавниот сектор ќе треба да изврши ажурирање на податоците во регистарот. Односно, доколку работодавачот од јавниот сектор, не ја исполнил законската обврска за внес на податоците во Регистарот на вработени лица во јавниот сектор, системот за интегрирана наплата (за плата), во Декларацијата за прием ќе јави грешка со порака дека обврската не е исполнета.